Драма во Охрид: Со тупаници удирал по автомобил во кој имало 6-годишно детенце

Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, младо момче од Охрид се разбеснило и оштетило автомобил со тупаници.

Насилникот излегол од авојот автомобил на улицата Стив Наумов, и започнал да удира со тупаници во автомобилот на 41-годишниот  Ј.П. кој во него седел со шестгодишното синче. 

Полицијата го привела 38-годишниот Р.У. за кој постојат сомневања дека е сторител на делото.

24.04.2014 - 10:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа