Кога овој човек ќе влезе во автобус се создава паника меѓу патниците - еве зошто

Младо момче со отворени рани на нозете и неподнослива миризба, постојано се вози со автобусите и метроата во Белград. Како што пишува српскиот Курир, се работи за 30-годишен Србин, кој питачи, а очигледно е дека е болен и има отворени рани по нозете, а со себе носи и неподнослива смрдеа.

Откако тој ќе се качи во автобус, сите патници ги фаќа паника и сакаат да го напуштат истиот: - Не можам веќе со денови да се качам во автобус и како човек да отидам на работа поради него. Човекот има отворени рани!, е само еден од низата коментари.

Единствено нешто што тој го зборува е имајте срце и дајте некој денар за мојата мајка и мене. Сите велат дека е навистина жална глетката, но се плашат за своето здравје.

 

 

24.04.2014 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега