"Како ќе живеам без тебе сине" - погребани трудницата и момчињата кои загинаа во сообраќајка

Во страотна сообраќајна несреќа во Табановце кај Шабац вчера околу 13. 40 часот загинаа четири личности а меѓу  нив била и една трудница. Уште две лица се повредени, и пренесени на Ургентниот центар во Белград а докторите нивната состојба се уште ја оценуваат како критична.

Денеска починатите беа испратени во вечното живеалиште. Се работи за 29-годишниот Саша Јовановиќ, неговиот 20-годишен кум Миле Марковиќ, и снаат која била во осмиот месец од бременоста. Четвртата жртва во сообрќајката е 22-годишниот Саша Мркиќ. 

Пред неколку дена, братот на загинатиот Миле напишал дека е најсреќен на цел свет бидејќи ќе стане чичко. Сепак, судбината не сакала ова да се случи, па моментите кои требало да бидат најсреќни во нивниот живот, ги претвори во трагедија.

Денеска Србија е завиена во тага и болка. Се слушаа крици и плач од најблиските кои ги испраќаа своите деца во вечните живеалишта. - Сине мој зошто заспа, зошто отиде, Убавец на мајка, како ќе живеам без тебе, извикувала мајката на возачот Саша низ солзи.

 

24.04.2014 - 11:14
Фото: 
курир.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега