Маж изгоре во пожар - мајка и детенце се борат за живот

Голем пожар кој пламна денеска во Белград, за жал усмрти татко на мало детенце. Мајката и детето се пренесени во болница, а лекарите се борат за нивниот живот.

Според податоците на српскиот Курир, пожарот настанал во стан на приземје, при што за жал еден маж починал, а мајката и детето кои вдишале чад се итно пренесени во болница.

При пожарот е предизвикана и голема материјална штета. Засега не е познато како настанал пожарот.

 

24.04.2014 - 12:17
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа