НЕВЕРОЈАТНО: Проверете колку вреди имотот на СДСМ

Имотот на СДСМ, на пазарот вреди на 5 милиони евра, обелоденува владејчката ВМРО-ДПМНЕ. Според информациите кои денеска ги објави Директорот а центарот за комуникации на најголемата партија во земјава, Илија Димовски, СДСМ располага со луксузен имот во центарот на градот, скапи парцели во центарот на Скопје но и големи деловни објекти низ цела Македонија.

„СДСМ располага со имот по пазарна вредност од повеќе од 5 милиони евра, имаат 1669 квадратни метри  во центар на Скопје, имаат близу 2700 квадрати парцела во центар на Скопје, имаат деловни простории од по 500, 400 квадратни метри во Битола, Ресен, Кавадарци и многу други места. Тој имот на СДСМ е наследство од Сојузот на комунисти, а е граден од заеднички пари сите граѓани во поранешната држава. Ние вчера ги прашавме СДСМ, кога СДСМ ќе биде спремен тој имот, кој што е наследство  од претходната држава, односно од Сојузот на комунисти да им го врати на граѓаните, заради тоа што сите граѓани во Република Македонија на некој начин со свои средства учествувале во создавањето на тој имот.“ - вели Димовски

24.04.2014 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега