Приведена е мајката на двете удавени деца

27- годишната Билјана Миладиновиќ која е мајка на двете деца кои се удавија во реката Турија денеска е приведена и задржана во полициска станица поради сомневање дека направила тешко дело против општа сигурност или поточно неадекватно се однесувала со децата во моментот на трагедијата. Билјана  пријавила во полиција дека Маша паднала во вода додека си фрлала каменчиња и додека таа и помагала на својата ќерка за рака го држела својот син Мартин.

Мајката е приведена веднаш откако ги пронајдоа телата на децата.

 

24.04.2014 - 17:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега