СДСМ влегува во Гинис

Кој губи има право да се лути, но не и да бојкотира резултати од избори. Ова накусо би бил потсмешливиот коментар на најавите за непризнавање на очекуваниот дебакл в недела. ДУИ со бојкотот на претседателските избори на 13 април нѐ смести во друштвото на Брегот на Слоновата Коска и на Гвинеја. СДСМ, пак, со најавата на бојкотот на резултатите нѐ става во харизматичното друштво на Хондурас и на Венецуела. Паралелата што ги зближи Заев и Ахмети е малку и комична – токму лидерот од Бихаќка претходно во интервју ги измеша коцките и зборуваше за Јужна Африка, мислејќи на Јужна Америка. Еден од многуте гафови, но, очигледно, потсвеста му работела. Ова би бил и светски рекорд – четврти бојкот на партија во една година...

„Мафиите и босовите не се проблеми со кои се соочуваат луѓето во Јужна Африка, тие, за жал, имаат други, егзистенцијални проблеми“, ова е еден од десетиците добри гафови на лидерот во изминатата година. Лапсузот во психологијата е познат под терминот „фројдовска решка“ и се создава во моментот кога сакате да скриете податок или намера, но потсвесно нешто, едноставно, ве тера да го откриете и извадите од себе. Мешањето на стереотипите за континентите на првиот човек на Бихаќка, пак, неминовно го доближи до неговиот колега од Мала Речица, кој, да бидеме искрени, го погоди континентот. И додека Заев збунето зборуваше за Јужна Африка, мислејќи притоа на Јужна Америка, потсвесно му се доближи на Ахмети, кому, според првиот круг на претседателските избори, омилени му се африканските манири на бојкот на избори затоа што само таму и ги има во изминатата деценија.

Разликата е во фактот што лидерот на ДУИ тоа го прави, барем официјално, во име на албанската кауза за т.н. консензуален или, поверојатно, карикатурален претседател, а најавата за непризнавање на изборните резултати на 27 април од скопската уличка, доколку ги има, ќе помогнат во разнебитувањето на каузата, ама македонска, а ќе ѝ помогнат само на грчката. Така, сакале или не, но бојкотот, едниот спроведен - другиот најавен, преку Африка ги спои двајцата лидери. 

Целиот текст прочитајте го во утрешниот број на Република

24.04.2014 - 22:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа