Шумахер се разбуди од кома

Германскиот Ф1 возач кој пред крајот на 2013 година доживеа тешка несреќа за време на скијање, Михаел Шумахер се разбудил од кома.

Барем така тврди менаџерката на некогашниот шампион, Сабине Кем која за светските медиуми изјавила дека Шуми се разбудил од кома и ја препознал својата сопруга Корина која уште од денот на несреќата секојдневно е до неговиот кревет во болницата во Гренобл.

За да го заштити семејството од медиумски притисок, таа одбила да даде повеќе информации околу здравјето на Германецот.

25.04.2014 - 16:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега