До 3 години затвор за оние кои ќе го нарушат изборниот процес

Откази, парични казни, па и затвор од најмалку 3 години предвидуваат законските одредби за државните службеници кои членуваат во избирачките одбори а кои ќе спречат гласање или ќе оневозможат одржување на изборниот процес.

Високите казни се определени за да се гарантира дека најдемократскиот чин- чинот на гласање и изборите нема да бидат ставени во залог на тесно партиски тоталитаристички идеи.

Покрај за државните службеници во избирачките одбори, високи казни се закануваат за секој кој ќе се обиде на каков било начин да го наруши изборниот процес.

Минималната казна изнесува 3 години затвор, додека оние кои процесот ќе го нарушат со употреба на оружје и физичко насилство,зад решетки може да поминат најмалку 5 години

25.04.2014 - 22:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега