Две момчиња на Ургентен: Маскирани и молчеливи насилници сеат страв во Скопје

Филмска тепачка се случила утринава во Скопје. 

Според информациите од МВР, рано утринава околу 1:20 часот, на улицата „Џумајска“ во Скопје, неколку маскирани лица претепале двајца скопјани со безбол палки. Освен серизозните повреди кои ги заработиле двајцата скопјани - 21 годишниот Д.Ф. и 25 годишниот М.Д., оштетен бил и автомобил „БМВ“ со скопски регистрации.

Д.Ф. и М.Д. биле пренесени во скопскиот Ургентен, каде им била укажана лекарска помош. Полицијата работи на расветлување на случајот.

 

26.04.2014 - 13:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега