ФОТО: Детали за убиството во скопско Арачиново

Семејна расправија најверојатно е причината за убиството во скопско Арачиново. Како што дознава Press24 од неофицијални полициски извори убиеното момче е од Танушевци, а денеска дошло на гости кај свои роднини во Арачиново. По кратка расправија, момчето заедно со својот братучед излегле надвор, во близина на ресторанот Империјал. Во тој момент, братучедот истреал кон него со огнено оружје и го погодил во телото. Момчето веднаш било префрлено во болница, но по пат им подлегнало на повредите. 
Информацијата за убиството ја потврди и полицијата не не откриваат повеќе детали. Нив ги најавуваат по целосното завршување на увидот кој се уште е во тек.

26.04.2014 - 19:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега