Шундовски со Ангеловски обезбеди пласман во „фајнл фор“ во ЕХФ

Екс македонскиот ракометен стратег Звонко Шундовски со романска Констанца заедно со Ангеловски успеа да обезбеди пласман во „фајнл фор“ турнирот во ЕХФ  купот што на 17 и 18 мај ќе се одржи во Берлин.

Тимот  на реванш четвртфиналето на гостински терен загуби од Луги (Шведска) со 34:28, но победата на домашен терен од 31:21 им донесе вкупна победа за пласман на завршниот турнир.
 
Покрај Констанца учесник на турнирот е и Берлин како домаќин, кој не играше во четвртфиналето.
 
Другите два натпревара се играат денеска: ПИК Сегед - Спортинг (27:29 прв натпревар) и Монпеље - Нант (26:25).

27.04.2014 - 11:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега