Битолчанец осиромаши преку ноќ - еве колку пари му украле

Во Битола на улицата „Мирче Ацев“, во куќата сопственост на 49-годишниот Т.П. засега непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин напрвин со подесен предмет го скршил цилиндарот од влезната врата и откако не успеал да ја отвори се упатил кон визбата, влегол во куќата и по извршено пребарување одзел разновиден златен накит, 25 златници, 1.350 евра и 2.000 денари, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 250.000 денари.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

27.04.2014 - 12:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега