Расчистено вчерашното убиство во Арачиново - еве ги деталите

Министерството за внатрешни работи го расчисти вчерашното убиство на 17-годишниот Ељон Јакупи во скопско Арачиново.

Како што информира портпаролот на МВР Иво Котевски на денешната прес-конференција, по преземните мерки во текот на вчерашниот ден за расчистување на убиството и извршените службени разговори со 15-тина лица за утврдување на идентитетот на сторителот на делото,  денеска во Полициската станица во Кисела Вода е приведен 19 годишен роднина на убиениот кој е осомничен за убиството.

Тој посочи дека убиството се случило вчера околу 16 часот во близина на маркетот „Империјал“ во Арачиново од каде и било пријавено до полицијата. Веднаш по пријавувањето на настанот бил извршен увид и биле преземени мерки за пронаоѓање на сторителот. 

- Според првичните сознанија извршител на убиството е 19 годиншно лице кое е во роднински врски со убиениот. До убиството дошло по претходна расправија преку телефон по што настанала тепачка меѓу двете лица во која осомничениот извадил пиштол и со два истрела во градите го погодил Јакупи по што се дал во бегство. Јакупи веднаш со приватно возило бил пренесен во амбулантата во Сингелиќ каде им подлегнал на повредите, информира Котевски.

Од местотот нанастанот, додаде, подигнати се две чаури и еден стап од земјоделска алатка кои се дадени на вештачење. 

27.04.2014 - 15:25
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа