Нов пресврт: Мајката на удавените дечиња тврди дека не била кај љубовникот!

27-годишната Билјана Миленковиќ на која и се удавија двете дечиња откако паднаа во река, сега ја смени првичната приказна. Иако таа призна дека кога малата Миша и Мартин паднале во река, одела кај љубовникот, сега го порекува тоа.

- Таа на последното сослушување во полиција рекла дека одела на кафе, и дека сакала да помине од најплиткиот дел на реката. Девојчето се лизнало, а додека таа се обидувала да го спаси, се лизнала и паднала со седуммесечното бебенце, вели извор за српскиот Курир.

На мајката ќе и бидат направени психолошки тестови откако смени три верзии дека најпрво шетала, потоа одела кај љубовникот, а сега дека одела на кафе.

28.04.2014 - 09:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега