Вугринец на врвот на листата на стрелци во ЛШ - ќе го преземе ли Илиќ ваквиот примат?

Со седум постигнати погодоци, играчот на Металург Ренато Вугринец, и понатаму е лидер на листата на стрелци, и по реванш четвртфиналните дуели во ЛШ. 

Шансите да ја задржи ваквата позиција се сведени на минимум со оглед на тоа што играчот на Веспрем Момир Илиќ со својата екипа ќе биде дел од завршниот турнир (ќе игра уште најмалку два натпревара). Илиќ има постигнато 91 гол, а Вугринец е лидер со 95.

На третата позиција е Маргуч Гашпер од Цеље со 79 голови.

Во ТОП 10 се и двајца ракометари на Вардар, Тимур Дибиров со 72, кој е делба на 6.место, додека Игор Карачиќ е на делба на 9.место со 69 голови.

Во најдобрата „десетка“ на 7.место се наоѓа и македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров од Барселона со 71 гол.

28.04.2014 - 09:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега