Во забавен парк загина 13- годишно момче

13- годишно момченце го загуби животот во неделата во забавниот парк во квартот Елиникон во грчката престолнина Атина.

Несреќата се случила кога момченцето со својата деветгодишна сестра играле во голема гумена топка (балон) во базен, кога наеднаш силен ветер ја понел топката со се децата.

Топката се тркалала околу 30 метри и неколкупати се удирала во различни пречки.

Детето починало на самото место, додека сестричката е хоспитализирана во сериозна состојба со повреди на белите дробови. 

Полицијата привела тројца вработени во паркот, под сомнение дека ги прекршиле правилата за безбедност во забавниот парк. 

28.04.2014 - 12:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа