Монструмот од Србија ги призна убиствата: Ги мачев и ги закопував живи во шумата

Пребегнатиот српски осуденик 40 - годишниот Драган Бајиќ  ги призна убиствата на 5 луѓе, кои заедно со својата банда ги ограбувал, мачел, а некои и живи ги закопувал во шумата кај Будимпешта.

Како што објавија унгарските медиуми, бандата на Бајиќ е осомничена за низа монструозни убиства толку брутални што ја надминуваат човечката фантазија - своите жртви ги тепале до смрт или го беселе, а некои и живи ги закопувале. Бајиќ кој цело време ги негираше обвинувањата на обвинителот, неодамна потполно го промени исказот  и до детали го призна злосторствата кои ги направил со своите соучесници.

-Се случи грозна работа, убиени се пет луѓе. Во тоа време бегав од затвор во Србија. Сакав да одам во Америка, ама завршив во Будимпешта. Тогаш ги запознав Иштван, Кристијан, Јанош и Золта - наведе Баијиќ, а потоа ги признада убиствата на Имрета С. (48), неговата жена Магдолна (53), синот Шабат (30), ќерката Кристина (40) и нејзиниот син Виктор Х. кои како што рече пред судот се занимавале со старо железо, и морале да умрат зошто тоа бил бизнос на злотворите на Бајиќ.

-Мојот договор со Золта беше тој и јас да убиеме по двајца. Многу луѓе имам ибиено во војна па можеше да научи нешто од мене - констатираше Бајиќ, кои своите жртви Ирма и Кристина ги задавил. Мадголна која ја тепале до смрт, пред да почине од здобиените повреди, успеала на блискиот ѕид со сопствената крв да го напише името на Золта, што било и пресудно да се најдат злосторниците.

-Виктор исто така ми беше пријател. Сите не измами кога ја зема нашата дрога, па се согласивме да го научиме на памет - изјави Бајиќ, додавајќи дека му е жал за Виктор.

Првобитниот догвор бил само да го претепаат Виктор, но тогаш му изрекле смртна казна зошто “мртвата уста не збори“ - објасни Бајиќ во судот. Присеќавајќи се како го убиле Виктор рече дека го однеле во шумата, му врзале јаже околу вратот, а потоа го обесиле на дрво.

-Откако му ја шутнале столицата што стоела под него и тој со прстите се уште ја допирал земјата, му пришол Јанош и го задавил - прецизираше Бајиќ.

Посмртните останки на Виктор не се неајдени, а според изјавите на сведоците, убиен е така што Бајиќ го претепал со железни цевки, па го обесил и го полил со бензин, а потоа неговите коски ги фрлил во Дунав.

 

28.04.2014 - 14:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега