Пукање во Тетово: 20 годишна девојка со две прострелни рани во болница

20 годишна девојка со две прострелни рани заврши во болница откако денеска околу 15:50 часот во неа пукало се уште непознато лице пред маркетот Веро во Тетово. Според нашите информации, напаѓачот пукал од авотмобил БМВ без регистерски таблички во девојката по што побегнал. 20 годишната Ремсије Д. со прострелни рани во пределот на левата плешка итно била префрлена во Скопје. Немаме информации каква е нејзината сотојба. 
МВР го потврди случајот и информира дека интензивно трага по напаѓачот

28.04.2014 - 17:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега