Еве што се случувало во скопски Сарај

Полицијата го приведе осомничениот за пукањето кое денеска нешто пред 16 часот се случило во Тетово. Како што дознава Press24 полициските службеници го бркале осомничениот, инаку поранешно момче на девојката која два пати ја застрелал денеска пред Веро во Тетово. Според нашите информации, полицијата по чудна бркотница го фатила кај мостот на Вардар во Сарај. Осомничениот излегол од автомобилот и влегол во реката Вардар со намера да побегне. Потоа излегол од водите и како што дознава Press24 сакал да изврши самоубиство. Сепак полициските службеници од редовите на Алфите успеале да го разубедат. Дека бил сериозен во своите намери, покажуви прошталното писмо, кое според извори на Press24 во обвинителството го имал во својот џеб. 
Осомничениот, чиј идентитет се уште не познат, ќе одговара за обид за убиство. Полицијата според нашите информации веќе го обезбедила оружјето и возилото од кое е пукано. 
Се уште немаме информации во каква состојба е 20 годишната девојка, која доби две прострелни рани во пределот на лвата плешка и која се наоѓа во Клиничкиот центар во Скопје. 

28.04.2014 - 17:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега