Им подлегна на повредите: Почина 20 годишната тетовчанка

Дваесетгодишната Р.Д. од тетовско Јажинце која се здоби со две влезни рани во пределот на плешката откако врз неа со огнено оружје, најверојатно пиштол, пукал нејзиниот љубовник С.Х. (26) од Џепчиште, им подлегна на повредите.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, инцидентот се случил нешто пред 16 часот на паркигнот пред маркетот Веро во Тетово, а С.Х. бил фатен во Скопје каде што се обидел да изврши самоубиство. Неофицијално кај него нашле проштално писмо.

Повредената девојка била префрлена во Клинчката болница во Тетово од каде веднаш била препратена на скопските клиники, каде по неколку часа им подлегна на повредите.

„Пукна како петарда, но незнам кој бил и каков беше... Ништо не видов, после дојде полицијата...Пукаа во еден човек... Незнам каков човек беше“,раскажуваа тетовци.

28.04.2014 - 22:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа