Сите се свртеа против Заев

Против одлуката на Заев за бојкот на непризнавање на  изборите застанаа и личности од јавниот живот и новинари блиски до опозициската СДСМ.

На синоќешното гостување во отвореното студио на јавниот сервис Васко Ефтов истакна дека дел од членовите на социјалдемократскиот сојуз кои се на избирачките листи се противеле на одлуката на раководството на чело со Заев да ги вратата мандатите.

-Зев е најмал проблем, зошто во оној момент коа Заев не се ставил на листи, тој веќе пратил политичка порака за тоа што очекува од овие избори. По малку некоректно, вие својата функција во Стумица , да ја правите цела партија заложник на таа функција. Бидејќи Заев два пати ја пушта низ вода својата партија. Лани кога ја уценува партијата да се оди на избори и да се прекине бојкотот и сега, изјави Васко Ефтов.

Со сличен став е и Саше Политико.

-Сега треба Радмила и Заев да си дадат оставка и да го препуштат СДСМ на некој кој ќе даде повеќе отпор кон ДПМНЕ. Заев и Рада се последните кои имаат морално право да бараат бојкот затоа што токму тие го скршија претходниот бојкот на СДСМ во времето на Бране и Наташа. Напиша меѓу другото во колумна Саше Политико.

28.04.2014 - 23:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега