Ефтов: Заев го држи СДСМ во заложништво

 

Лица од јавниот живот кои беа силни поддржувачи на СДСМ, застанаа против одлуката на Зоран Заев не се прифаќаат резултатите од вчерашните избори.

Меѓу нив е и новинарот Васко Ефтов кој обелодени и дек членови на СДСМ жестоко се противеле на барањето на раководството да се откажат од пратеничките мандати. 

Тој во синоќешното гостување на МРТ истакна дека Зоран Заев ја држи партијата во заложништво.

-Во оној момент кога Заев не се стави на листите, тој прати политичка порака за тоа што очекува од овие избори. По малку некоректно, вие својата функција во Струмица , да ја правите цела партија заложник на таа функција. Бидејќи Заев два пати ја пушта низ вода својата партија. Лани кога ја уценува партијата да се оди на избори и да се прекине бојкотот и сега, подвлече тој.

 

Со сличен став деновиве излегува и Саше Ивановски-Политико, кој побара Заев и Шеќеринска да си поднесат оставка.

29.04.2014 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега