СДСМ во слободен пад - партијата пред распад?

 

Рејтинг агенциите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема доверба кај граѓаните. Изборните резултати се доказ дека партијата на Никола Груевски останува да биде изборот на гласачите.

Оваа партија е на власт од 2006-та година и победува во четири последователни изборни циклуси на парламентарни избори. Ако се спореди бројот на добиени гласови, јасно е дека се повеќе граѓани веруваат во политиките кои ги води ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2011-та година, разликата во гласовите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ беше 70 илјади. Владејачката партија тогаш освои 438.138 гласови, а опозициската 368.496 гласа.

За нецели три години, разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од 70.000 гласови се зголемува на 200.000 гласа. Во бројки, на партијата на Груевски сега довербата ја дадоа 481.289 граѓани, а партијата на Заев доби 283.930 гласови.

Во однос на изборите во 2011-та година, СДСМ изгуби речиси 100.000 гласови. Партијата на чело со Црвенковски тогаш доби 368.496 гласа, а сега под раководство на Заев има 283.930 гласови.

Ваквиот резултат го прогнозираше и екс-уредникот на весникот „Нова Македонија“ Зоран Димитровски.  Тој пред две недели истакна дека СДСМ ќе изгуби околу 100.000 гласови, но потенцира дека СДСМ навистина е пред еден сериозен распад.

-Може да се случи многу веројатно СДСМ на парламентарните избори да има некоја бројка од 260.000-270.000 гласа и тоа да биде резултат што е за 100.000 помалку од минатите парламентарни избори, што гледано од аспект на тоа како СДСМ минувал на сите претходни избори, ќе треба Заев да си поднесе веднаш оставка. Значи, ако Шекеринска, Бучковски, сите поднесувале оставки и со многу помали резултати и Бранко Црвенковски на крајот на краиштата после локалните избори, тогаш СДСМ навистина е пред еден сериозен распад, осбено што имаше кругови кои ја критикуваа оваа политика на Заев. Може да се случи тие кругови многу сериозно да формираат одредена политичка структура, на крајот да го расцепат СДСМ, рече тогаш Димитровски.

ВМРО-ДПМНЕ со последните изборни резултати стигна на нивото на најзилната победа од 2008-ма година.  Бројот на пратеници денес е помал од тогаш, бидејќи СДСМ годинава доби повеќе гласови од оние пред шест години.

Овие бројки не им одат во прилог на СДСМ, чие раководство наместо да го поднесе поразот и да понесе одговорност, одлучи да не ги прифаќа изборните резултати.

29.04.2014 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега