Гостивар: Му тропнал на врата и почнал да пука

Во Гостивар на ул.„Браќа Блажески“ синоќа околу 19.40 часот се случил инцидент меѓу двајца гостиварци во врска со паричен долг.  

Според СВР Тетово до инцидентот дошло кога 55-годишниот гостиварец М.А. заѕвонил на врата од станот на 51-годишниот В.М, со намера да ги добие парите кои наводно тој му ги должел. Следела меѓусебна расправија и физичка пресметка. М.А. извадил пиштол и испукал неколку куршуми, кои завршиле во ѕидот пред станот на В.М.

Извршен е увид, подигнати се траги и предмети кои ќе се вештачат, како и пиштол „ЦЗ“ калибар 7,65 милиметри, кој М.А. го поседувал без дозвола. М.А приведен е и задржан во Полициската станица -Гостивар.

Полицијата превзема мерки и активности за целосно расчистување на околностите кои довеле до инцидентот

29.04.2014 - 11:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега