Штип: Си дале толку добар ќотек што и двајцата завршиле во болница

Се степале и си дале топлку добра ќотек што и двајцата завршиле во болница. Несекојдневна тепачка во селото Кучица, во близина на Штип. Како што информира полицијата, 60 годишниот Џ.И. и 25 години помладиот Н.Ш. по кратка расправија започнале тепачка Н.Ш.  бил телесно повреден. По ова, на Џ.И. и Н.Ш. им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Штип, каде Н.Ш. е задржан на лекување, а Џ.И. поради сериозноста на повредите е пренесен и задржан во Клинички центар Скопје. Од полицијата најавуваат мерки за расчистување на случајот

29.04.2014 - 12:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа