Албански цариници помагале шверц на стока од Македонија - еве ги деталите

Албанската полиција уапсила петмина цариници од граничниот премин Горица, на албанско-македонската граница кај Стење, откако дозволиле да мине автомобил натоварен со придукти од Македонија, без да биде извршена потребната царинска процедура.

- Доцна синоќа упасени се цариниците од граничниот премин Горица, Алтин Ценоли(43) и Нико Вурмо(43) и двајцата од Корча. Pо првичните истражни дејствија денеска се притвoрени и Дефрим Агаста,Газмор Брегу и Пиро Пенто. Уапсени се и лицата Налтон Мони (37) и Гезим Гега(46) жители на од селото Појан кај Корча, сопственици на автомбилот и натоварената стока, потврдила полицијата од Корча за агенцијата НОА, пренесе МИА.

Автомобилот марка „мерцедес“ со бугарски регистарски таблички бил запрен од полицијата кај селото Ѕвезда и по контролата било утврдено дека не поседуваат никаков документ за стоката или некаква царинска потврда. Меѓу запленетата стока имало 160 пластични шишиња од по два килограми со црвено вино,исто толкава количина со оцет, пет кутии со месни производи во вкупна тежина од 58 килограми, 40 пластични шишиња од по два лири со кока кола.

29.04.2014 - 15:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега