ДУИ, ГРОМ и ДПА поднесоа приговори за гласањето во неделата

До Државната изборна комисија (ДИК) досега се пристигнати 12 приговори за постапката на гласање на двојните избори во неделата за што рокот заврши во 19 часот. До полноќ партиите можат до ДИК да поднесуваат приговори, но за сумирањето на резултатите од гласањето.

Приговори за гласањето до ДИК доставиле ДУИ, ГРОМ и ДПА. ДУИ поднела два приговори, партијата ГРОМ четири, а ДПА шест приговори, соопшти за МИА портпаролот на ДИК Билјана Јовановска.  

Се очекува членовите на ДИК во текот на утрешниот ден да одлучуваат по овие приговори и по оние што евентуално би пристигнале до полноќ.

За одлуките на ДИК партиите можат да поднесат тужба до Управниот суд, кој за нив треба да се произнесе во рок од 48 часа.  

Во неделата во Македонија се одржа вториот круг од претседателските избори и предвремени парламентарни избори.

29.04.2014 - 20:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега