Ахмети се закани: Или ќе бидеме во Владата или следи дестабилизација на Македонија

 

Доколку ДУИ нестане дел од Владата ќе има нестабилност во Македонија. Лидерот на најголемата партија на албанското малцинство во Македонија, Али Ахмети во изјава за косовскиот весник „Нова ера“ вели дека очекува да стане дел од владата а Груевски да ги прифати неговите услови, пренесува Утрински весник.

„Лидерот на ДУИ Али Ахмети се закани со дестабилизација на земјата доколку неговата партија не влезе во идната влада, како партија која на последните избори освои над 153 илјади гласови во албанскиот политички блок. Во интервју за косовскиот весник „Нова ера“ Ахмети најавува дека како најголема политичка сила во албанскиот блок ќе преговараат со ВМРО-ДПМНЕ за формирање влада. Но, во однос на информациите дека лидерот на ДПА Мендух Тачи веќе преговара за учество во владата, Ахмети предупредува дека „таква влада не може да помине, бидејќи тогаш ќе има нестабилност во Македонија““ - пишува Утрински.

Како што анализира венсикот, за Ахмети не е прифатливо да биде дел од новата влада заедно со ДПА. Утрински пишува дека за да се најде договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ партиите ќе мора да ги доближат своите дијаметрално спротивставени ставови.

Владејчката ВМРО-ДПМНЕ уште пред изборите најави дека ќе преговара со сите партии но дека нема да ја носи одговорноста доколку тие не се подготвени на компромиси за учсетво во Владата.

 

 

 

30.04.2014 - 00:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега