"Вадете ги парите од каса!" - вооружени со пиштоли ограбиле бензинска на Макпетрол

Уште една бензинска мета на крадци. Две маскирани лица со закана со пиштол синоќа ја опустошиле бензинската Макпетрол лоцирана на автопатот Скопје-Гевгелија, кај Башино село.

Околу 22 часот и 45 минути, крадците влегле во бензинската и заканувајќи му се на вработениот кој се нашол на смена, му одзеле 98.100 денари.

Полицијата работи на откривање на сторителите.

30.04.2014 - 10:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега