Притвор за тетовчанецот кој си ја прати девојката во смрт

Триесет дена притвор вчера му определил судија од Основниот суд Тетово на 26-годишниот С.Х. кој си ја усмрти девојката со пиштол. Момчето заработи кривична за две дела убиство и недозволено држење оружје и распрскувачки материјали.

Тој во понеделникот околу 16 часот на паркингот пред супермаркетот „Веро“ во Тетово со два истрела од пиштол и нанел две влезни рани на Р.Д. во плешката по што избегал. Повредената девојка веднаш била префрлена во тетовската болница и потоа како итен случај препратена на скопските клиники, но и покрај сите напори таа како последица на здобиените повреди и изгубената голема количина на крв починала. 

Повеќе детали прочитајте ТУКА.

30.04.2014 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега