СДСМ донесе одлука за пратеничките мандати

 

Нема да се прифатат мандатите добиени на предремените парламентарни избори. Ваква одлука донел Извршниот одбор на СДСМ на својата вчерашна седница, јавува Плусинфо, пренесувајќи изјава на портпаролот, Петре Шилегов.

- Синоќа одлучивме да не поднесуваме приговори од причина што не го признаваме изборниот процес и нецелисходно е да се поднесуваат приговори бидејќи во изминатиот период, поточно пред и на самиот ден на изборiте имаме поднесено 170 различни претставки, а сите тие или се одбиени или никој за нив не реагира - вели Шилегов за Плусинфо.

Оваа одлука денеска треба да ја потврди и Централниот одбор на партијата.  Доколку тоа се случи, сите пратеници кои не ги прифаќаат мандатите треба да ја известат Државната изборна комисија. Потоа мандатите ќе им се нудат на следните кандидати на листите на СДСМ, а кога листата ќе се исцрпи, ќе се организираат нови избори за тие места. Со оглед на тоа дека СДСМ освои само 34 пратнеички места, во меѓувреме, Собранието може нормално да функционира и полноправно да ги носи законите. 

30.04.2014 - 11:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега