Планиравте прошетка за Први мај? - проверете какво ќе биде времето

Дефинитивно ништо од скарата за Први мај. Утре конечно имаме шанса да одмориме по напорната работна недела, но времето не ни се погоди.

Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а попладне со локален пороен дожд и грмежи. Утринската тенпература ќе се спушти до 3 степени, а максималната дневна ќе достигне 23 степени, во Скопје до 20.

Нестабилното време со сончеви периоди и дожд ќе се задржи и во петок и за време на викендот.

Изгледа нема спас од дождот!

30.04.2014 - 11:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега