Кавга во СДСМ: Шеќеринска се сврте против Заев
Заменик претседателот на СДСМ, РАдмила Шеќеринска му го врти грбот на Заев околу одлукаа за враќање на пратеничките мандати, пишува Утрински весник, повикувајќи се на партиски извори. Весникот кој важи за близок до опозицијата и кој има доверливи извори на Бихаќка пишува дека Шеќеринска, Манчевски и Шилегов биле резервирани околу одлуката на Заев да се вратат пратеничките мандати и на тој начин да се креира политичка криза во земјата.
„Според информациите доминантното расположение во партијата е дека по изнесениот став на Заев за непризнавање на резултатите секоја друга постапка освен неприфаќање на мандатите би водела кон дополнително слабеење на опозицијата и нејзино претворање во политички декор. Сепак, според нашите извори, не се малку ниту оние кои порезервирано гледаат на ваквиот радикален потег. Меѓу нив, наводно, биле и заменик-претседателката Радмила Шекеринска, потпретседателот Дамјан Манчевски, и портпаролот Петре Шилегов, кој беше носител на листата во втората изборна единица“ - пишува Утрински.
Сепак Заев цврсто останува на својот став за кој се уште нема поддршка од партиските тела. Тоа го потврдил и во изјава за весникот
„Направивме се' што можеше. Бевме конструктивни до крајот на изборниот процес кој беше се' само не демократски. Нема член од Изборниот законик што не е прекршен. Прекршени се и сите членови од Кривичниот законик што се однесуваат на изборите. Преку ваква измама на граѓаните не може да поминеме“, вели Заев за Утрински
Изворите на весникот коментираат дека на Централниот одбор на партијата кој треба да се одржи денеска Заев се очекува за оваа одлука да ја поба поддршката од највисокото партиско тело. Истите извори брифираат дека се очекува жестока дебата.
„Очекувањата се дека долгогодишните функционери на партијата, особено оние кои се залагаа за бојкот на локалните избори минатата година, наспроти тогашните ставови на сегашната раководна гарнитура на „Бихаќска“, ќе отворат бурна расправа за неколку прашања, како на пример: Зошто претседателскиот кандидат Стево Пендаровски освои повеќе од 100.000 гласови од СДСМ? Зошто не се оспори легитимитетот на изборниот процес уште по првиот круг претседателски избори, туку се чекаше да завршат парламентарните избори? Зошто одлуката за непризнавање на резултатите била донесена во мал круг на луѓе, спротивно на статутот на партијата? Зошто се експериментираше со пратенички листи на кои се најдоа нови и неискусни личности? Зошто се девалвираше минатата година проектот за изборен бојкот како можност за зајакнување на позициите за парламентарните избори?“ - пишува Утрински повикувајќи се на партиски извори.
Заев за весникот вели дека е подготвен на таков развој на настаните и дека ќе ги соочи ставовите со своите сопартијци.
„Подготвен сум да ги слушнам сите ставови и размислувања. Јас сум само осум месеци на чело на партијата. За жал, не добивме услови за фер политички натпревар. Во наредниот период ќе следи и отчетниот Конгрес на партијата на која се надевам дека раководството ќе го помине тестот на доверба“, вели Заев за Утрински.
Партиски извори брифираат дека Заев за да се осигура дека ќе ја спроведе одлуката веќа почнал да собира потпишани изјави од новитепратеници на СДСМ дека се откажуваат од мандатот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа