ФОТО: Доби 30 дена притвор - ова е момчето што си ја уби девојката во Тетово

Ова е момчето кое го зави Тетово во црно. 26-годишниот С.Х. од Тетово во понеделникот околу 16 часот на паркингот пред супермаркетот „Веро“ со два истрела од пиштол ја рани девојката Р.Д. по што избега од местото на настанот. Момчето поминало со своето БМВ без регистерски таблички, ја забележало девојката и кон неа почнало да пука. Два куршуми ја погодиле во левата плешка. Девојката облеана во крв, паднала пред супермаркетот, а напаѓачот, побегнал со автомобилот. Случајни минувачи веднаш повикале Брза Помош. Поради сериозноста на повредите, девојката итно била префрлена во Клиничкиот центар во Скопје. Докторите подолго време правеле се за да и го спасат животот, но не успеале. По неколку часа стигна информација дека таа починала. 

Убиецот со своето БМВ, тргнал кон Скопје. По пат го пресретнале полициските Алфи. Почнала бркотница. Во еден момент момчето застанало, во близина на мостот на Вардар кај Сарај и влегло во водите на реката. На полицајците им се заканувал дека ќе се самоубие. Долго време Алфите го убедувале да не го прави тоа. На крајот успеале. Тој и се предал на полицијата. Дека бил сериозен во намерата да си го одземе животот, полицајците дознале по претресот. Во еден од неговите џебови ти пронашле проштално писмо. 

Основниот суд му определи 30 дена притвор за делото кое го направи. Момчето заработи кривична за две дела убиство и недозволено држење оружје и распрскувачки материјали.

30.04.2014 - 12:16
Фото: 
shkipmedia.com.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега