Крвава семејна расправија - кумановчанец заврши на Ургентен

27-годишниот кумановчанец Б.Д. си заработи кривична пријава за тешка телесна повреда, заедно со седум години помладиот Х.Д. кој си заработил кривична за учество во тепачка.

Според податоците од полицијата, пријавените месецов околу 10 часот и 30 минути во дворот на ЈЗУ општа болница во Куманово, откако претходно го повикале 40-годишниот А.Љ. со кого нивната сестра води бракоразводна парница, се разбесниле и  физички го нападнале, а потоа Б.Д. со дрвен предмет му нанел тешки телесни повреди во пределот на главата и телото.

Повредениот поради сериозноста на повредите е пренесен во Клинички центар Скопје.

30.04.2014 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа