Им влегле дома и ги претепале - уште една крвава драма во Куманово

Кумановчани си заработија кривична пријава за насилство. Се работи за 38-годишниот П.Ј. и 16-годишниот Н.Ј. кои на улицата „Благој Илиев Гуне“ во Куманово, влегле во куќата на Л.М. и насилно ја скршиле заклучена врата од собите во која биле 34-годишната Д.Ј. и 36-годишниот О.З.

Насилниците физички ги нападнале сограѓаните во нивниот дом, нанесувајќи им телесни повреди.

Истите се пренесени во ЈЗУ општа болница во Куманово, а по укажана лекарска помош се пуштени домашно лекување.

30.04.2014 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега