Филе: Потребна е инклузивност за доброто на приближувањето на Македонија кон ЕУ

Комесарот за проширување на Еворпската унија, Штефан Филе, во изјава за дописникот на МИА од Брисел, ситакна дека постизборната ситуацијата во Република Македонија е комплицирана и за доброто на приближувањето на земјата кон Унијата, побара инклузивност на сите страни за решавање на спорните прашања.

По денешното претставување на десетгодишнината од големото проширување на ЕУ, кога во 2004 година дури десет земји станаа членки на „големото европско друштво”, првиот човек за проширување, во изјава за МИА ја коментираше состојбата што во нашата земја ја креира опозициската СДСМ.

- За несреќа, ситуацијата е комплицирана. Знаете дека оценката на ОБСЕ/ОДИХР е многу севкупна за претходните избори и за несреќа, властите и другите засегнати страни во земјата не посветија доволно внимание да се избегнат сегашните консеквенци од не решавањето на тие прашања. Во исто време, многу се надевам дека за доброто на приближувањето на земјата кон Европската унија, дека ќе биде обезбеден инклузивен процес за да се решат овие прашања и следниот пат да не се соочуваме повторно со истите, истакна Филе за МИА.

Во однос на десетгодишнината од големото проширување на ЕУ, Филе истакна дека „проширувањето е во европската ДНК и е клучна политика на Унијата”, како најсилен инструмент на трансформација. Според еврокомесарот за проширување, овој процес е најефективен и моќен за засилување на безбедноста и дека заедно во обединета Европа, земјите подобро се соочуваат со консеквенците од глобализацијата, како што е финансиската криза и климатските промени.

- И земјите кои влегуваат, како и оние кои се од претходно во Унијата, имаат бенефит од проширувањето. ЕУ е најголем играч на глобалната трговија, најголем извор и дестинација на странските директни инвестиции. Во тој правец, ние имаме три приоритети, како што е продолжување на процесот кој го почнавме пред четири години, а тоа е засилување на кредибилитетот и политичката страна на проширување. Второ, да осигураме спроведување на двете политики од почетокот во ЕУ: проширување од една и длабоката интеграција од друга страна и трет елемент е дека преку проширувањето, стануваме поголеми и посилни, подобро опремени за соочување со консеквенците од глобализацијата,  истакна Филе на прес-конференцијата.

На крајот, комесарот за проширување посочи дека „има седум-осум земји кои чукаат на вратата на ЕУ, во време кога некои во ЕУ почнуваат да се сомневаат во процесот и мислам дека екстремно вредна работа е тоа чукање да не запре.

За тоа дали во иднито состав на Колеџот на комесари ќе има комесар за проширување, Филе само посочи дека мерка за успех е тоа како е кредибилна оваа политика, колку земји се поврзани со сериозна подготовка за почеток на преговорите колку од кандидатите за членство се се европски земји.

- Тука говорам за истокот на Европа. Сите овие земји имаат европска перспектива и порано или подоцна, таа ќе биде одобрена од сите земји-членки, па затоа гледам напред кон успешноста од следното проширување, рече Филе.

Инаку, в понедленик (5 мај), еврокомесарот за проширување, според најавите, ќе допатува во Белград на средба со преставниците на новата Влада на Србија, а ден подоцна ќе замине на средба во Приштина со косовските власти.

Како што ни посочија неговите сорбаотници од претходно, Филе ќе допатува во Скопје, во рамки на Четвртата рунда од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) во јуни, откако ќе биде составен новата Влада на Република Македонија, по предвремените парламентарни избори.

30.04.2014 - 13:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега