Тито Петковски го претрка Заев

Лиедот на НСДП, Тито Петковски го претрка првиот социјалдемократ Зоран Заев и уште пред Централниот одбор на СДСМ да го каже последниот збор околу враќањето на мандатите соопшти дека неговат апартија ги повлекува своите пратеници.

- Во недостиг на механизми на заштита од надласување, НСДП (и здружената опозиција) им го отстапува Парламентот на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ да ја водат Македонија онаму каде намислиле да ја однесат. За Груевски беше важно на вулгарен начин да се мајтапи како ја нокаутирал опозицијата заборавајќи дека опозицијата не се само луѓето кои тој ги гледа како душмани, туку половината од неговиот македонски народ – рече денескаТито Петковски на прес-конференција на НСДП.

Преку коалицијата со СДСМ од оваа партија довербата на граѓаните ја добија досегашните пратеници Горан Мисовски и Соња Мираковска, како и бизнисменот Љубомир Јосифовски.

30.04.2014 - 13:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега