Груевски и Тачи разговарале за идната Влада

Премиерот Никола Груевски и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, попладнево одржале средба во Владата, јавува “Дневник“.
Средбата е потврдена од двете партии.

Според функционерот, Тачи му се пожалил на Груевски за изборни нерегуларности на парламентарните избори од страна на владеачката ДУИ.

На средбата станало збор за идната влада. Тачи  му рекол на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар дека  ДПА е подготвена да ја подржи Владата без оглед дали неговата партија ќе биде дел од извршната власт. 

Тој уште додал дека се надева оти новата влада ќе инвестира и во реоните населени доминантно со Албанци за да се подобрат условите за живот, дека таму ќе се вложува во инфраструктура и вработувања на граѓаните. 

30.04.2014 - 20:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега