Пукање во Струга: Тројца во болница

Три лица завршија во болница од кои едното има рана од огнено оружје по грабеж кој се случил во центарот на Струга, јавува Нова повикувајќи се на официјални полициски извори. Според информациите, 5 лица влегле во златара со намера да ја ограбат. При грабежот со истрел од огнено оружје ранет е сопственикот на златарницата а уште две лица добиле повреди од кундак.

Полицијата го потврдува случајот и информира дека се трага по напаѓачите. Не се знае што е украдено од златарницата. Повредените се во стабилна состојба.

30.04.2014 - 20:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега