ФОТО: Новиот Меси е Македонец

Запознајте го македонскиот Меси. Се вика Марио Крствески и е роден во Прага на 14 април 2004 година. Неговите родители со потекло од Битола, веќе неколку години како живеат во метрополата на Чешка. Крстевски заедно со уште две момчиња се наметнаа во славниот чешки клуб, кој прави селекција на младите играчи два пати во година. 

Пред две години, одличните перформанси на Крстевски и мерени статистики беа импресивни за тамошните фудбалски експерти. 

Чешките медиуми веќе на големо пишуваат за неговиот потенцијал, споредувајќи го дури и со најдобриот фудбалер на планетата Лионел Меси. Марио веќе има постигнато повеќе голови од Меси на оваа возраст. Тој собра десетиви награди за најдобар играч, стрелец во шампионатите и турнирите во дресот на Славија. 

Крстевски низ Европа растура носејќи го црвено-белиот дрес. На турнирите во Австрија, Франција, Холандија, Германија, Словачка, Шпанија, Полска против врсниците од Ајакс, Баерн, Феенорд, Евертон младиот битолчанец одскокнува со квалитетот, вродениот талент и техниката од која застанува здивот. 

Кога во 2012 година го освоија второто место на силниот турнир во Прага, со поразот од Баерн со 2:1 во финалето, Марио Крстевски беше прогласен за најдобар играч за фудбалери под 9 години и влезе меѓу тројцата најталентиранифудбалери во Чешка на негова возраст.

Марио е заљубен во фудбалот, се усовршува и напредува и не помислува на ништо друго освен да стане професионален фудбалер. До овој момент оди по вистинскиот пат и не постои причина така да не биде и во иднина. 

Извор: setaliste.com.mk

01.05.2014 - 11:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега