Одлуката за враќањето на мандатите била донесена без кворум во 4 и 30 утрово

Одлуката за враќање на мандатите Централниор одбор на СДСМ ја донел рано утринава околу 4 часот и 30 минути, без потребниот кворум, дознава Пресс24 од високи партиски извори. Според нашите информации најтесното раководство, чекало да заминат неистомислениците, за да можат да одлучуваат едногласно како што напишаа во денешното соопштение.

Најголемиот конфликт синоќа настанал кога Заев пред делегатите нервозно изјавил дека под никакви околности нема да ја напушти градоначалничката функција во Струмица и дека очекува партијата да го штити од власта при тоа не прецизирајќи каква и за што му е потребна заштита. Заев и Шеќеринска пред Централниот одбор обелодениле дека враќањето на мандатите е со цел предизвикување на интервенција на меѓународниот фактор во зењмјава со предизвикување серизона политичка криза. Иако делегатите побарале конкретна стратегија - што по враќањето на мандатите, Заев одговорил дека таква стратегија нема и дека за тоа ќе се одлучува подоцна. Инаку, вчерашниот Централен одбор помина во целосно тензична атмосфера со голем број барања за оставка од Заев, а од друга страна и закани кон неистомислениците од насилници режирани од актуелното раководство.

01.05.2014 - 15:01
Фото: 
sitel

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега