Суспендирани лекарите кои не мрднаа со прст за прегазеното детенце

Голем скандал вчера ја стресе Србија. 11-годишно детенце било прегазено од автомобил, а Домот за здравство Нови белград одбил да му помогне на момченцето.

Откако момченцето било прегазено од автомобил, и тешко си ја повредило главата, сите случајни минувачи кои се нашле на местото на настанот веднаш притрчале да му помогнат, а само лекарите од болницата не биле заинтересирани да сторат нешто. 

- Веднаш притрчав да помогнам. Влегов во болницата испаничена и на сестрите им раскажав што се случило на улица. Тие ме погледнаа и ми одговорија дека не одат на терен и да си викнеме Брза помош, вели сведок кој додава дека набргу момченцето било спасено поради брзата интервенција на Брзата помош, додека лекарите од оваа болница не мрднале со прст за детенцето.

Детенцето на патот кон боллница, губело свест,а зениците му биле исти, што покажувало на лоша невролошка слика. Имало тешка повреда на главата и модринка на левото око.

Директорот на здравствениот дом Нови Белград вели дека ќе ја испита ситуацијата, а дотогаш лекарите кои одбиле да му помогнат на малото момче ќе бидат суспендирани од работното место.

- Не се точни тврдењата во медиумите. Точно е дека докторот на кој жената му се обрати не помогна, но го викна дежурниот доктор кој веднаш притрча да помогне. Бидејќи нашите лекари веќе се јавија и во Брза помош, додека дежурниот лекар да стигне, таа веќе беше на местото на настанот и го однесе момчето, вели директорот за српскиот Блиц.

 

02.05.2014 - 09:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега