На воено стрелиште си пукал во градите: Се самоуби професионален војник во Србија

Со автоматската пушка си пукал во градите. 43 годишен професионален војник, денеска е пронајден мртов на военото стрелиште во Краљево, Србија. Како што јавуваат локалните медиуми, војникот работел на обезбедување на објектот. Нема информации кои се причините за самоубиството. Полицијата како и претставниците на српската армија вршат увид и најавуваат детална истрага

02.05.2014 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа