„Заев ги израдува душманите на Македонија“

Во СДСМ нема никаков план. Ниту Заев ниту било кој од партиското раководство не знае како понатаму по партиската одлука да не се прифатат пратнеичките мандати освоени на парламентарните избори. Загрижени социјалдемократи за Сител велат дека Заев свесно го нарушува меѓународниот углед на Македонија. Високи партиски извори брифираат дека по нивната забелешка на седницата на Централниот одбор во средата дека треба да се размисли за тоа какви последици ќе трпи Македонија од враќањето на мандатите, Заев одговорил во стилот, После ќе му ја мислиме без воопшто да направи анализа на ситуацијата. 

За експертите нема дилема дека раководството на СДСМ е во очај и дека за сметка на личните кариери е подготвено да жртвува се, вклучувајќи г и меѓународните интереси на државата

„Во очај не се прават логични и нормални потези. Поразените кои се соочуваат со своите оставки, со својата лична судбина, не се подготвени да го голтнат она што го кажа народот“ - вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Никовски смета дека ваквите постапки на опозицијата се добредојдени за официјална Атина.

„Сите душмани, се пресреќни со ваквиот развој на нстаните бидејќи бојкотот фактички отвара политичка криза која ќе се рефлектира и на меѓународната позиција на државата и на нашиот интегративен процес во НАТО и ЕУ. Да бидеме сигурни дека следниот Извештај на ЕК доколку се опстои на една вкава позиција ќе биде негативен, ќе зборува дека Македонија нема демократски капацитет, дека земјата е соочена со сопствени проблеми и дека не е способна да оди напред. И во Грција исто така реакциите ќе бидат најпозитивни бидејќи тоа им одговара целосно ним“ - вели Никовски

Ставовите на Никовски ги потврдуваат и на Бихаќка. Изворите на Сител го цитираат одговоот на Заев на прашањето на дел од членството, дали е свесен како Грците ќе го искористат однесувањето на опозицијата и одлуката за неприфаќање на мандатите.

“Ако, не е лошо тоа“ одговорил Заев потврдувајќи дека е свесен дека одработува во корист на Грција и дека нговата одлука ќе и донесе огромна штета на Македонија.

Експертите се зачудени од нивото на политички капацитет во СДСМ и недосатокот на визија за тоа каде оди државата.

02.05.2014 - 19:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега