Пијан полицаец направил хаос - дивеел на ергенска вечер

Полицаец од Зајечар дивеел на ергенска вечер. Се работи за М.П. кој на први мај, по службената должност отишол на ергенска вечер, каде гостите ги врзувал со лисиците, униформата и ја облекол на пејачката, а потоа и испукал неколку куршуми во воздух.

- Најпрво ги даваше своите клучеви и лисици, ги врзуваше гостите, се смееше со нив...потоа ја соблече својата униформа и и ја даде на пејачката, по што со службениот пиштол испука неколку куршуми, вели извор.

Не се знаело дали бил пијан кога го направил скандалот бидејќи бил приведен ден потоа.

03.05.2014 - 12:42
Фото: 
ало.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа