Си го убил лекарот среде улица - нервозен пациент направил хаос

Познат хирург од Краљево утрово бил усмртен од страна на незадоволен пациент. Се работи за 66-годишниот Слободан Лукиќ кој бил тешко ранет среде улица, кога засега непознат маж испукал повеќе куршуми кон него со пиштол. 

Како што јавува РТС, според неофицијални, информации, најверојатно напаѓачот е пациент кој подолго време бил лекуван од карцином, но не бил задоволен од лекувањето.

На местото на настанот веднаш дошле Брза понош и полиција, и хирургот бил пренесен во болница, но за жал им подлегнал на повредите.

Полицијата работи на случајот.

04.05.2014 - 11:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа