Фатени разбојниците кои ја опустошија златарата „Циркон“ во Струга

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против 37-годишниот П.Д. од селото Радолишта, струшко поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“. Пријавениот заедно со уште четири засега непознати лица, влегол во златарата „Циркон“ во Струга и извршил разбојништо при што одзеле поголема количина разновиден златен накит, вреден 420.000 евра. 

Разбојништвото го сториле на начин што со употреба на сила и закана со огнено оружје непосредно нападнале врз животот и телото на три лица сите од Струга вработени во златарата. Неколку дена пред извршувањето на делото П.Д. од лице од Радолишта купил патничко моторно возило марка „Ауди-100“ без регистарски таблици при што побарал да бидат извршени неколку измени-сечење кај задното седиште, отстранување на плочката и бројките од шасијата, отстранување на каишите за врзување, затемнување со црн спреј на стаклата од автомобилот како и ставање на лажни регистарски таблици. Возилото е пронајдено по извршувањето на кривичното дело во близина на македонско-албанската граница.

Основен суд Струга на П.Д. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.  Пријавениот во евиденцијата на МВР минува за сторени слични кривични дела за кои му се поднесувани кривични пријави.

04.05.2014 - 13:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега