Бездомник ја убил со секира - детали за убиството во Кавадарци

Бездомник ја убил 50-годишната Снежана Т. со која подолго време живеел во вонбрачна заедница во близина на индустриската зона во Kавадарци. Како што дознава Дневник, осомничениот најпрвин пријавил во полиција и рекол дека ја нашол мртва за подоцна полицијата при претрес на објектот да пронајде докази за убиството и предмети со кои било извршено.

Убиецот има 50 години и е исто така кавадарчанец. На самото место на настанот сега има само кучиња и купишта ѓубре.

- Ни пречеше тоа што во тој дел од градот владее нехигиена, што се собираат кучиња, но често се правеа и забави на кои доаѓаа разни луѓе како од регионот така и од подалеку - рекоа дел од соседите. 

Според неофицијалните информации,  во средата во 12.05 часот во Полициската станица - Kавадарци било пријавено дека во објект во градот е пронајден женски труп. - Од страна на јавен обвинител, увидна екипа од СВР Велес и доктор извршен е увид на местото на настанот, при што се констатирани траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено во Институтот за судска медицина на обдукција. Во врска со настанот во текот на завчерашниот ден едно лице е задржано во просториите на полициската станица во Kавадарци - соопшти Анита Стојковска, портпарол во СВР Велес. Според полицијата, во текот на вчерашниот ден се очекуваше да добие кривична пријава и да биде изведен пред надлежен јавен обвинител. Според Дневник се работи за Тиквешанка родена во кавадаречкото село Возарци и како девојка живеела во селото од општина Kавадарци. 

- Беше мирна и вредна жена која не беше кавгаџика. Откако ~ умре сопругот, а ќерките се омажија, дали поради осаменост или поради тоа што куќата почна по малку да се распаѓа, таа замина од селото. Повремено доаѓаше со човекот со кого живееше вонбрачно - ни рече жител на селото Сирков. Стапивме во контакт и со нејзини блиски во Возарци кои беа шокирани од трагедијата, но не сакаа да зборуваат повеќе. Шок и неверување владееше вчера во нејзиното родно село, но и во Сирково, пишува Дневник.

ФОТО: Дума

 

04.05.2014 - 14:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа